Германија доби „крал на атлетиката“ на домашен терен во Берлин, откако 32-годишниот ветеран Артур Абеле по два дена е крунисан за европски шампион во десетобојот.
Абеле по последната трка на 1.500 метри, беше недостижен со 8.431 поени за победа пред Русинот Иља Шкурењов (8.321) и Белорусинот Витали Шук (8.290), со што стана најстариот европски шампион во историјата. Уште поимпресивно, победата доаѓа откако во текот на зимата, Германецот страдаше со парализа на лицето.
Turn the sound on and have the tissues at the ready!
Arthur Abele claims an emotional gold medal in the decathlon at the European Championships in front of 50,000 cheering spectators in Berlin.#EC2018 #TheMoment pic.twitter.com/ujnwJteD2w
— European Athletics (@EuroAthletics) August 8, 2018
„Ништо не можам да ви кажам сега, бидејќи не ми се верува дека сум златен“, изјави Абеле.
Прв златен медал на ЕП за Грција донесе Милтијадис Тентоглу, кој скокна 8.25 метри во скокот во далечина, за дури 12 сантиметри подалеку од Германецот Фабијан Хајнле и Украинецот Серхиј Никифоров. Полска продолжи да доминира во фрлачките дисциплини, откако Паулина Губа со 19.33 метри го освои златото во ѓуле, пред домашната фаворитка Кристина Шванц (19.19).
ЕП АТЛЕТИКА, БЕРЛИН
СКОК ВО ДАЛЕЧИНА (М)
1.Милтијадис Тентоглу (Грц) 8.25 м
2.Фабијан Хајнле (Гер) 8.13 м
3.Серхиј Никифоров (Укр) 8.13 м
ФРЛАЊЕ ЃУЛЕ (Ж)
1.Паулина Губа (Пол) 19.33 м
2.Кристина Шванц (Гер) 19.19 м
3.Алиона Дубицкаја (Блр) 18.81 м
ФРЛАЊЕ ДИСК (М)
1.Андриус Гуджиус (Лит) 68.46 м
2.Даниел Штал (Шве) 68.23 м
3.Лукас Ваисхајдингер (Авт) 65.14 м
10.000 МЕТРИ (Ж)
1.Лонах Чемтаи Салпепер (Изр) 31:43.29
2.Сузан Круминс (Хол) 31:52.55
3.Мераф Бахта (Шве) 32:19.34
ДЕСЕТОБОЈ (М)
1.Артур Абеле (Гер) 8.431
2.Иља Шкурењов (Рус) 8.321
3.Витали Жук (Блр) 8.290