Top Sport

Хјумланд го соопшти некомплетниот список на Данска за СП

Селекторот на данската фудбалска репрезентација Каспер Хјулманд го објави списокот со имињата на 21 играч за Светското првенство во Катар. Меѓу патниците е и Кристијан Ериксен.

Комплетниот список со дополнителни пет имиња, како што објасни на церемонијата во Копенхаген, ќе биде објавен најдоцна до следниот понеделник.

„Десет до 12 играчи се натпреваруваат за последните места. Многу нешта можат да се случат. Неизвесно е, но тоа е вистинскиот начин. Остануваат два натпревари за многу играчи и работите може да се променат“, рече Хјулманд.

Данската фудбалска репрезентација натпреварувањето во групата Д на Светското првенство ќе го започне на 22. ноември против Тунис, четири дена подоцна ќе игра против Франција, додека во последниот натпревар ќе ги одмери силите со Австралија на 30. ноември.

Ростерот на Данска за Светското првенство:

Голмани: Каспер Шмајхел (Ница) и Оливер Кристенсен (Херта);

Одбрана: Даниел Вас (Брондби), Расмус Нисен Кристенсен (Лидс), Јенс Стригер Ларсен (Трабзонспор), Јоаким Меле (Аталанта), Андреас Кристенсен (Барселона), Симон Кјер (Милан), Јоаким Андерсен (Кристал Палас), Виктор Нелсон ( Галатасарај);

Играчи од средниот ред: Пјер-Емил Хејбјерг (Тотенхем), Томас Дилејни (Севиља), Кристијан Ериксен (Манчестер Јунајтед), Матијас Јенсен (Брентфорд);

Напаѓачи: Микел Дамсгард (Брентфорд), Андреас Сков Олсен (Клуб Бриж), Јеспер Линдстром (Ајнтрахт), Мартин Брејтвејт (Силкеборг), Каспер Долберг (Севиља), Јонас Винд (Волфсбург), Андреас Корнелиус (Копенхаген).

Scroll to Top