Две недели пред стартот на Светското првенство, во изјава за германскиот јавен сервис ЗДФ, Калид Салман, амбасадор на СП во фудбал во Катар, ја опиша хомосексуалноста како грев.
Во интервјуто за документарниот филм наречен „Тајната Катар“, тој изјави дека „многу работи ќе дојдат во неговата земја“ и тогаш почнал да зборува за хомосексуалците.
Поранешниот фудбалер додаде дека секој ќе може да дојде во Катар, но ќе мора да ги почитува правилата на земјата.
„Имам проблем, пред се, што децата ќе гледаат хомосексуалци. Ќе научат нешто што не е добро. Хомосексуалноста е харам (грев) и е забранета“, подвлече Салман.
Тој смета дека хомосексуалците имаат „ментален проблем“.
Потоа, портпаролот на СП го прекинал интервјуто, велат од ЗДФ пред денешното емитување на таа изјава.
Хомосексуалноста е забранета во Катар и може да се казни со седум години затвор.