Top Sport

УЕФА на средба со главните поддржувачи на Суперлигата

Претседателот на УЕФА, Александер Чеферин ја имаше првата средба со претставниците на компанијата „А22 спортс“, која ја поддржува идејата за Европската суперлига (ЕСЛ) на состанок во седиштето на УЕФА во Нион и повторно ја отфрли идејата за формирање на паралелна лига на Лигата на шампионите.

На состанокот покрај Чеферин, присуствуваше и претседателот на Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) и на Пари Сен-Жермен, Насер Ал-Хелаифи, додека од „А22 спортс“ присутни беа генералниот директор Бернд Рајхарт, како и основачите Анас Лаграри и Џон Хан.

„Со заедничка цел за обединет европски фудбал, УЕФА и претставниците на клубовите уште еднаш едногласно ја отфрлија идедјата за проектот на ЕСЛ. Учесниците на разговорите со изненадување реагираа на тврдењето на директорот на ‘А22 спортс’ дека не ги претставуваат трите клуба кои отворено го поддржуваат проектот“, се вели во објавата на УЕФА.

Реал Мадрид, Барселона и Јувентус остануваат посветени на проектот кој беше промовиран минатиот април, и од кој експресно се повлекоа англиските клубови Тотенхем, Манчестер сити, Манчестер јунајтед, Ливерпул, Арсенал и Челси, како и Интер и Милан и Атлетико Мадрид.

Scroll to Top