Top Sport

Србинките открија скандал на Европското првенство во ракомет

Словенија ја победи Србија со 27:24 во Целје во последното коло од групата Ц на Светското првенство во ракомет за жени. Со тој пораз Србија беше елиминирана од натпреварувањето, а по мечот револтирана српската ракометарка Јелена Лавко посочи за можен скандал. Словенците наводно ги снимале српските тренинзи.

„Жал ми е затоа што досега имавме резултат 3:0 со Словенија на големите натпреварувања. Уште повеќе ми е жал кога противничката екипа снима тренинзи, каде што нема камери, туку се поставуваат мобилни телефони и ајпади да не снимаат затоа што се плашат од нас. Па што друго да зборуваме за ракомет и спорт?“, изјави Лавко.

Повеќе детали за овој случај не се познати, освен дека ЕХФ го решил на интерен начин.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');