Top Sport

Дешам го објави составот со кој Франција ќе ја брани светската титула

Францускиот селектор, Дидие Дешам официјално го откри 26-члениот состав на репрезентцијата која во Катар ќе ја брани својата светска титула, и каде што ќе се обидат да станат само третата нација која ја одбранила титулата по Италија (1934, 1938) и Бразил (1958, 1962).

Франција е во груп со Австралија, Данска и Тунис, и во составот нема поголеми изненадувања по потврдените отсуства на Пол Погба и Н’Голо Канте поради повреди.

На голот, речиси сигурно стартер ќе биде Иго Љорис од Тотенхем, посебно по повредата на Мајк Мањан од Милан, а негови замени ќе бидат Алфонс Ареола и Стив Манданда. Рафаел Варан од Манчестер јунајтед доби место во тимот и покрај повредата која ја доби неодамна и најверојатно ќе биде стартер ако ќе биде фит, а Вилијам Салиба, Лукас Ернандез, Преснел Кимбембе, Ибрахима Конате и Дајот Упамекано ќе бидат во тесен избор за една од позициите на централен бек. Бенжамин Павар и Тео Ернандез се најверојатно стартери на крилните позиции.

Во средниот ред и покрај повредите на Погба и Канте, Дешам има доста опции, посебно во двата млади таленти на Реал Мадрид, Едуардо Камавинга и Орелиен Чуамени. Шанса ќе добијат и Адриен Рабио и препородениот Матео Гендузи.

Во нападот пак,триото Килијан Мбапе-Антоан Гризман-Карим Бензема би требало да биде сигурно како стартер, но тука е и ветеранот Оливие Жиру, како и Усман Дембеле, Кристофер Нкунку и Кингсли Коман.

Scroll to Top