Жерард Пике неславно ја заврши својата фудбалска кариера, откако му беше покажан црвен картон додека не беше ниту во игра на гостувањето кај Осасуна, поради конфликтот со судијата Хесус Хил Манзано, но демантира дека остро го навредил судијата за да го заслужи картонот.
Манзано во својот записник за мечот запиша дека Пике кажал: „Да ти се по.ерам на твојата курва мајка“, но Пике вели дека тоа не се случило.
„Давам интервјуа од мојата 17-та година… Сега сум слободен и не мора да внимавам. Не се по.рав на нчија мајка. На полувремето откако судијата не оштети и му даде црвен картон на Роберт Левандовски. Тоа не беа мали работи. Затоа отидов да му кажам на судијата и му кажав дека постојано не оштетува. Тој веднаш ми даде црвен картон за најмала работа. Во Премиерлигата, можеш да зборуваш со судијата. Кога веќе имав црвен картон, отидов во соблекувалната и еден од соиграчите викна: ‘Е.ена работа’. Судијата го запиша тоа како јас да сум го кажал. Не е вистина, добив црвен картон бидејќи му реков: ‘Ти си секогаш ист’. Но, вака ќе добијам повисока суспензија иако сум во пензија. Камерите можат да го потврдат тоа“, вели Пике.
'You're A Fucking Disgrace. I Shit On Your Prostitute Mother.' – Pique, Going All Out And Getting A Red Card In His Final Barcelona Match https://t.co/tSAVOpOGOq pic.twitter.com/RG7tFdMOKb
— Barstool Sports (@barstoolsports) November 9, 2022