Македонската кошаркарска репрезентација стигна до убедлива 58:36 победа над Норвешка во Гевгелија за да се зацврсти на првото место во претквалификациите за Евробаскетот 2025.
Против најсериозниот конкурент за првото место во нашата група, македонските кошаркари одиграа дисциплинирано, посебно во одбраната без падови во играта за рутинска победа. Капитенот Војдан Стојановски беше најефикасен со 14 поени, а го следеше и Бојан Крстевски со идентични 14 поени и 10 скока.
Веќе во недела, повторно во Гевгелија, пред репрезентацијата е нов предизвик, вториот дуел против Данска, која денеска загуби н гостувањето кај Словачка со 74:70.
Standings provided by Sofascore
Фото: КФМ