Top Sport

Зошто Верона не доби два пенали против Јуве?

Поранешниот италијански судија Лука Марели тврди дека ВАР системот не згрешил во проценката за двете спорни ситуации на мечот Верона-Јувентус, откако фановите на Верона се пожалија дека не беа досудени два чисти пенали при 0:1 победата на Јуве.

Во првата ситуација, топката го удри Данило во раката, и иако неговата рака беше во „неприродна“ позиција, ВАР оцени дека нема пенал. Според Марели, ударот на Мигуел Велосо беше пренасочен од Павел Давидович, по што пеналот биле „непотребна“ казна.

„Ќе беше поинаква ситуација ако ударот на Велосо директно завршеше во раката на Данило“, тврди Марели.

Во втората спорна ситуација пак,  Леонардо Бонучи ја крена ногата високо и го удри Симоне Верди, но првично досудениот пенал беше поништен бидејќи снимката покажува дека Бонучи прв стигнува до топката.

„Тој ја допира топката и потоа Верди го фаулира Бонучи, така што тоа е јасна ситуација“, додава Марели.

Scroll to Top