ПРАВИЛА НА НАТПРЕВАРУВАЊЕТО SofaScore Pick’em
Целта на натпреварувањето е успешно да се погоди исходот на Светското првенство, односно, пласирањето на репрезентациите од групната фаза до финалето. Учесникот го потврдува својот избор со следните информации:
– Име.
– e-mail адреса.
– Потврда на возраста.
Дозволен е само еден избор по e-mail адреса, а во играта можат да учествуваат сите полнолетни натпреварувачи.
Пред стартот на турнирот, учесниците ќе мора да ги направат своите избори за:
– Групната фаза – учесниците ги потврдуваат изборите за пласманот на секоја репрезентција во групнт фаза (Групи А-Х),
– Нокаут фазата – учесниците ги потврдуваат изборите за победникот во секој дел од нокаут фазата (осминафиналето, четврт-финалето, полуфиналето и финалето).
Учесниците мораат да го направат својот избор до 19 ноември 2022, денот на првите натпреварувања во Катар, по што ќе се „заклучи“ изборот и нема да можат да се направат промени.
БОДУВАЊЕ
БОДУВАЊЕ ВО ГРУПНАТА ФАЗА
– За време на групната фаза, поените ќе се доделуваат на следен начин:
– 1 поен за секоја репрезентација која ќе се пласира во нокаут фазата,
– 2 поени за секоја репреззентација која е погодена со пласманот во својата група по крајот на натпреварите.
Пример: Ако погодите дека Хрватска ќе заврши на првото место во групата Ф, ќе добиете 1 поен за пласманот на Хрватска и дополнителни 2 поени за погодувањето на точниот пласман како победник.
Пример: Ако прогнозирате дека Хрватска ќе биде прва во групата, но тие завршат на второто место, ќе добиете 1 поен за нивниот плсмн, но не и 2 поени за точниот пласман.
Максималниот број на поени кои можат да се освојат во групната фаза е 80 поени (64 за точен пласман за сите 32 репрезнтации + 16 поени за прогнозата за тие кои влегоа во нокаут-фазата).
БОДУВАЊЕ ВО НОКАУТ ФАЗАТА
За време на нокаут фазата, ќе се доделуваат поени за точно прогнозирање на победничкиот тим во секој натпревар според следните услови:
– Осминафинале – за секој погоден победник: 6 поени + бонус,
– Четврт-финале – за секој погоден победник: 12 поени + бонус,
– Полуфинале – за секој погоден победник: 24 поени + бонус,
– Финале – за погоден победник: 48 поени + бонус.
– Бидејќи треба да го изберете победниот во секој дуел во нокаут-фазата, во основа не е важно која е репрезентацијата која губи за да се освојат поените. Меѓутоа, ако тимот кој сте го избрале како победник не игра во тој мееч (бидејќи не сте го погодиле пласманот во групите, нема да освоите поени.
Пример: Прогнозирате дека Англија, како победник во групата Б ќе игра против Еквадор, како вторпласиран во групата А во мечот 51 и дека Англија ќе победи. Ако Сенегал биде втор во групата А, односно Англија игра против Сенегал, и Англија победи, ќе ги освоите поените бидејќи сте го погодиле победникот. Единствениот услов кој треба да е исполнет е дека Англија е на вистинската страна на ждрепката за тој меч.
Пример: Прогнозирате дека Англија, како победни во групата Б ќе игра против Еквадор, како второпласиран во групата А во мечот 1 и дека Англија ќе победи. Ако Англија е втора во групата Б, што значи дека ќе играат во мечот 49 против Холандија (како победник во групата А), вашиот избор нема да носи поени, бидејќи Англија ја нема во тој меч.
БОНУС ПОЕНИ:
– По крајот на групната фаза, ќе се пресмета „пауер рејтингот“ на секој тим кој се пласирал во нокааут фазат (со бројот на точни предвидувања на сите учесници), со рејтинг од 1-16 (1 најсилен, 16 најслаб).
– По ова се доделуваат бонус поени за секој меч од нокаут фазата по следниот систем:
0 – ако рејтингот на победничкиот тим е поголем од рејтингот на поразениот тим (мечот е добиен од фаворитот),
0-15 – ако понисорангираниот тим (аутсајдерот) победи, рејтингот на фаворитот се одзема од рејтингот на аутсајдерот за да се пресметаат поените.
Пример: Хрватска игра со Франција во полуфиналето. Рејтингот на Хрватска за нокаут фазата е 6, а рејтингот на Франција е 6. Ако Хрвтска победи, се добиваат 5 бонус поени (6-1).
Пауер рејтингот ќе биде објавен пред стартот на нокаут фазата и нема да се менува и ќе се аплицира до крајот на турнирот.
Победникот на играта е учесникот кој ќе освои најмногу поени до крајот на турнирот
Ако има повеќе учесници со ист број на победнички поени на крајот на играта, победникот ќе биде тој кој ибзбрал прв.
Поените ќе бидат достапни да се гледаат преку вашиот акаунт.