Top Sport

Штајнер: И да ја освоеше пол-позицијата во Бразил Мик немаше да остане

Мик Шумахер ја заврши својата епизода во Хас, а можеби и во Формула 1. Синот на легендарниот Михаел Шумахер повеќе нема да вози за американскиот тим. Хас на местото на Шумахер го донесоа неговиот сонародник Нико Хулкенберг.

Мик Шумахер две сезони го возеше болидот на Хас. Првата беше разочарувачка, не успеа да освои ниту еден бод, додека во актуелната сезона беше осми во Силверстон и шест во Спилберг.

„Ништо немаше да се смени дури и да ја освоеше полската позиција во Бразил. Ваква одлука не се носи поради емоцијата на една трка или еден квалификациски резултат. Тоа би било погрешно“, рече шефот на Хас, Гунтер Штајнер.

Тој јасно кажа дека инцидентите што ги предизвикуваше Мик Шумахер придонеле американскиот тим да се раздели со него.

„Да, тоа е дел од тоа, не можете само да рчете, тој се удри и тоа е тоа. Сега не се обидувам се да претворам во нешто добро, но можете да видите колкаво влијание врз тимот имаа и неговите добри резултати. Сепак мора да најдете рамнотежа. Добар беше во Австрија и Англија, тоа се многу добри резултати. А потоа ги имате лошите резултати и инцидентите. Сепак, немаше ниту една трка што влијаеше врз оваа одлука. Тоа е комбинација од нешта и најголемата работа е да се продолжи понатаму и да го градиме тимот. Мик многу се подобри, тоа можете да го видите, не морам јас да в го кажам тоа“, додаде Штајнер.

Scroll to Top