Top Sport

Луис Енрике не го води Серхио Рамос на Мундијалот

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике, го објави списокот од 26 фудбалери кои ќе ги води на Светското првенство во Катар.

Немаше место за поранешниот капитен на националниот тим и актуелен фудбалер на Пари Сен Жермен, Серхио Рамос, а од претходно беше јасно дека ќе го нема ниту голманот Давид де Хеа.

Ансу Фати доби шанса иако немаше голема минутажа во тимот на Барселона, а на списокот се најдоа само двајца фудбалери на Реал Мадрид, Дани Карвахал и Марко Асенсио.

Scroll to Top