Top Sport

Клоп казнет за последниот меч на Ливерпул пред паузата поради СП

Јирген Клоп нема да биде на клупата на Ливерпул на мечот против Саутемптон овој викенд откако англиската Фудбалска федерација успешно се жалеше на одлуката тој да помине само со казна од 30.000 фунти за вербалниот конфликт со судијата на мечот против Манчестер сити.

Германскиот тренер прво беше казнет само финансиски за мечот на 16 октомври, кога доби црвен картон, но ФА сметаше дека слабата казна лошо ќе влијае на дисциплината во лигата и пред независната регулаторна комисија докажа дека тој мора да отслужи барем суспензија од еден меч.

Ова значи дека тој ќе го пропушти последниот меч на Ливерпул пред Светското првенство, утре на „Енфилд“ против Саутемптон.

Scroll to Top