Евертон беше најактивниот клуб пред крајот на преодниот рок во англиската Премиер лига, комплетирајќи ги трансферите на бразилското крило Бернар, на колумбискиот дефанзивец Јери Мина, и го добија на заем Андре Гомеш!
Јери Мина, по големиот број на шпекулации за трансфер во Манчестер јунајтед, на крајот заврши на „Гудисон парк“, откако Евертон се согласи да плати 30 милиони евра на Барселона, иако во договорот има клаузула за негово можно враќање во Каталонија. Тој е третиот играч на Барса кој доаѓа во Евертон по Лукас Дињ и едногодишната позајмица на Андре Гомеш.
Евертон исто така го потврдија и четиригодишниот договор со крилото на Шахтјор Доњецк, Бернар, а претходно се засилија и со уште еден Бразилец, Ришарлисон, покажувајќи дека имаат големи амбиции во новата сезона.
? Lucas Digne
? Yerry Mina
? André GomesEverton have raided Barcelona this summer. pic.twitter.com/RL49sm5dtM
— Squawka News (@SquawkaNews) August 9, 2018