Top Sport

Сјестрем и Ефимова со четири злата во Глазгов!

И покрај тоа што стравуваше дека има скршен палец, Швеѓанката Сара Сјестрем стигна до четвртиот златен медал на последниот ден од Европското првенство во пливање во Глазгов.

Според шведските медиуми, светската рекордерка го повредила палецот при финишот на трката на 100 метри слободно (во која освои злато). Затоа во финалето, не изненадуваше релативно слабото време од 25.16 за злато, откако веќе исплива 25.07 во квалификациските трки.

Сепак, со победата пред Данката Емили Бекман (25.72) и Белгијката Кимберли Бајс (2.74), 24-годишната Швеѓанка стана најуспешната пливачка на ЕП, откако триумфираше и на 50 и 100 метри слободно и на 100 метри пеперутка.

Одличен шампионат имаше и руската пливачка ѕвезда Јулија Ефимова, откако по титулите на 100 и 200 градно, стигна до титулата на 50 метри градно со 29.81, послабо време од рекордот на шампионатите (29.66) кој го постави во полуфиналето. 26-годишната Русинка ја победи Британката Ајмоџен Кларк (30.34) и Италијанката Аријана Кастиљони 30.41). Ефимова подоцна во последната трка од шампионатот, ја предводеше Русија до злато на 4х100 метри слободно.

Италијанците освоија две злата во последниот ден – Маргерита Панциера победи на 200 метри грбно, додека Пјеро Кодија, кој како последен се квалификуваше во финалето, изненадувачки триумфираше на 100 метри пеперутка.

ЕП ПЛИВАЊЕ, ГЛАЗГОВ

50 М ПЕПЕРУТКА (Ж)

1.Сара Сјестром (Шве) 25.16

2.Емили Бекман (Дан) 25.72

3.Кимберли Бајс (Бел) 25.74

50 М СЛОБОДНО (М)

1.Бенџамин Прауд (Бри) 21.34

2.Кристијан Голомеев (Грц) 21.44

3.Андреа Вергани (Ита) 21.68

50 М ГРАДНО (Ж)

1.Јулија Ефимова (Рус) 29.81

2.Ајмоџен Кларк (Бри) 30.34

3.Аријана Кастиљони (Ита) 30.41

100 М ПЕПЕРУТКА (М)

1.Пјеро Кодија (Ита) 50.64

2.Мехди Метела (Фра) 51.24

3.Џејмс Гај (Бри) 51.42

200 М ГРБНО (Ж)

1.Маргерита Панциера (Ита) 2:06.18

2.Дарја Устинова (Рус) 2:07.12

3.Каталин Буријан (Унг) 2:07.43

400 М МЕШАНО (М)

1.Давид Верасто (Унг) 4:10.65

2.Макс Личфилд (Бри) 4:11.00

3.Жоан Луис Понс Рамон (Шпа) 4:14.26

400 М СЛОБОДНО (Ж)

1.Симона Квадареља (Ита) 4:03.35

2.Ајна Кесељ (Унг) 4:03.57

3.Холи Хибот (Бри) 4:05.01

4х100 М МЕШАНО (М)

1.Велика Британија 3:30.44

2.Русија 3:32.03

3.Германија 3:33.52

4х100 М МЕШАНО (Ж)

1.Русија 3:54.22

2.Данска 3:56.69

3.Велика Британија 3:56.91

Scroll to Top