Top Sport

Марко Верати е пред нов договор со ПСЖ

Марко Верати би можел да потпише нов договор со Пари Сен Жермен. Оваа вест ја потврди и новинарот Фабрицио Романо, кој истакнува дека се уште ништо не е официјално, но дека Верати и ПСЖ се во преговори и дека се оди добро.

Верати пристигна во ПСЖ во 2012 година за само 12 милиони евра и прерасна во вистинска клупска легенда. Актуелниот догвор кој го потпиша во 2019 година има важност до 2024, но според познавачите ПСЖ сака што поскоро да осигура потпис на нов договор со одличниот играч за врска.

Италијанецот  во два наврати беше блиску до Барселона, но клубовите не се договорија поради огромното обештетување. Верати има 30 години и постојат сите шанси целата своја кариера да ја помине во Париз.

Scroll to Top