Македонија ЃП и Брегалница не понудија многу во последниот натпревар од 15.коло во Првата фудбалска лига. Освен борбеност, изостанаа головите, па дури и добрите акции пред противничкиот гол.
Милан Џокиќ ја имаше најдобрата шанса за гостите во 24.минута, но голманот Стевковски одлично реагираше.
За Македонија ЃП се обидоа Воша и Скендери, но без посериозен ефект.
По ова коло следи пауза поради активностите на македонската фудбалска репрезентација.
Standings provided by Sofascore