Top Sport

Хорор: Ја скрши ногата на последниот меч пред настапот на Светското првенство

Полскиот репрезентативец голман Бартоломеј Драговски ја скрши ногата на натпреварот меѓу Верона и Специја и нема да брани на Мундијалот во Катар. Во последниот натпревар пред заминувањето на Светското првенство, на голманот на Специја му се случи тешка повреда во дуел со напаѓачот на Верона, Кевин Ласања.

Драговски ќе мора да замине на операција, ќе паузира долго, а селекторот на Полска на негово место период го повика голманот Камил Грабара од данскиот Копенхаген.

Полска е во Ц групата на Мундијалот, заедно со Аргентина, Мексико и со Саудиска Арабија.

Scroll to Top