Првите мечеви од третото квалификациско коло за Лига Европа не поминаа најдобро за тимовите кои се сметаа за апсолутни фаворити – холандскиот Феенорд и руската „машина“, Зенит Санкт Петербург.
Словачкиот Тренчин му нанесе неверојатен пораз од 4:0 на Феенорд благодарение на хет-трикот на 23-годишниот хрватски напаѓач Антонио Манце за да им остави малку шанси за пласман во баражот.
Слична катастрофа им се случи и на Зенит, кои со 4:0 загубија кај соседското гостување кај Динамо Минск, благодарение на двата гола и едната асистенција на Србинот Урош Николиќ.
ЛИГА ЕВРОПА, 3.КВАЛИФИКАЦИСКО КОЛО
Уфа (Рус) – Прогрес Нидеркорн (Лук) 2:1
Алашкерт (Ерм) – ЦФР Клуж (Ром) 0:2
Хапоел Хаифа (Изр) – Аталанта (Ита) 1:4
Спартакс (Лет) – Судува (Лит) 0:1
РБ Лајпциг (Гер) – Крајова (Ром) 3:1
Аполон (Кип) – Брест (Блр) 4:0
Динамо Минск (Блр) – Зенит Санкт Петербург (Рус) 4:0
Хапоел Бер Шева (Изр) – АПОЕЛ (Кип) 2:2
Лудогорец (Буг) – Зрињски (БиХ) 1:0
Мариупол (Укр) – Бордо (Фра) 1:3
Шериф Тираспол (Мол) – Валур (Исл) 1:0
Сигма Оломоуц (Чеш) – Алмати (Каз) 2:0
Торпедо Кутаиси (Гру) – Кукеши (Алб) 5:2