Рони О’Саливан покажа дека е во добра форма, победувјќи го Велшанецот Метју Стивенс со 6:2 во првото коло на УК шампионатот во Јорк, но најмногу внимание предизвика бизарнт сцена во која тој си сечеше нокти додека неговиот ривал беше на снукер масата.
46-годишниот О’Саливен може да влезе во историјата на снукерот со осма титула во Јорк, и пред турнирот бизарно изјави дека веќе не ја чувствува возбудата и дека не му е грижа дали ќе загуби.
„Во основа се враќам бидејќи тоа е нешто што можам да го правам. Направив година дена пауза, но ми беше здодевно да работам на фармата за свињи. Подготвен сум ментално за снукер, но дали играм добро или лошо, не прави разлика. Не ми е грижа. Можам да загубам и со 6:0 и да се забавувам добро“, изјави О’Саливен пред турнирот.
Nails looking fab, Ronnie! 💅@ronnieo147 | #CazooUKChampionship pic.twitter.com/Z7efS8PeJd
— Eurosport (@eurosport) November 14, 2022