Top Sport

Роналдо и Бруно се шегуваа, тврди Жоао Марио

Кристијано Роналдо и Бруно Фернандеш се шегуваа и нема никакви конфликти меѓу нив, вели напаѓачот на Бенфика, Жоао Марио, откако навивачите на Манчестер јунајтед проценија дека Бруно му е лут на Роналдо за интервјуто кое го даде за состојбата во англискиот клуб.

Но, и покрај бројните написи, Жоао Марио вели дека се работи за вообичаена атмосфера пред Мундијалот со многу исчекувања и надежи.

„Бев присутен во соблекувалната кога пристигна Бруно. Тоа беше шега меѓу нив двајца. Роналдо го праша дали пристигнал со брод, бидејќи доцнеше, а играат заедно. Тоа го прават секогаш“, вели Марио на денешната прес-конференција.

И другарот си „сврте глава“: Бруно Фернандеш едвај се поздрави со Роналдо

Scroll to Top