Top Sport

Луис Енрике ќе комуницира со навивачите со нов Twitch канал

Шпанскиот селектор, Луис Енрике најави дека ќе има посебен начин на комуникација со навивачите на нивната репрезентација, откако ќе ја користи платформата Твич (Twitch) каде што ќе има посебен подкаст.

„Планирам да снимам за време на целиот турнир. Пристигнуваме на 18-ти и мислам дека истиот ден ќе почнам да поставувам видеа. Целта е да се има директен однос со навивачите и поприодна комуникација меѓу нас“, вели Енрике.

Ѕвездата на Атлетико Мадрид, Коке, вели дека се работи за фантастична идеја.

„Тоа е само еден начин на комуникација, кој е поблизок од обичните социјални мрежи. Мислам дека тоа е добро користење на нова технологија“, вели Коке.

Scroll to Top