Едуардо Камавинга вели дека неговиот соиграч од Реал Мадрид, Карим Бензема е „многу подобро“ и очекува тој да биде целосно подготвен за настапите со француската репрезентација на СП во Катар.
„Тој е многу подобро. Имам фантастични односи со него, тој ми помогна многу во Реал Мадрид. Се работи за голем фудбалер кој целосно ги заслужува работите кои му се случуваат сега. Се надевам дека ќе бидам со него во тимот“, вели Камавинга, кој исто така е во тимот на Дидие Дешам и ќе бара своја шанса во силната репрезентација.
Ако биде подготвен, Бензема ќе треба да биде во нападот на Франција покрај Килијан Мбапе, откако не беше дел од репрезентацијата која пред четири години го крена трофејот поради то што беше „исклучен“ од Дешам поради скандалот со уценувањето на поранешниот соиграч Матју Валбуена. Тој се врати во тимот на Дешам минатата година пред стартот на ЕП.