Top Sport

Кеирош: На иранските фудбалери им е дозволено да протестират на СП

На иранските фудбалери им е дозволено да протестираат за правата на жените во нивната татковина на Светското првенство во Катар, но мора да ги почитуваат сите правила на турнирот, вели селекторот Карлос Кеирош.

Според иранските активисти 344 луѓе го загубија животот, а над 15 илјади беа уапсени во последните два месеци по протестите кои започнаа по смртта на 22-годишната курдска девојка, Махса Амини во полициска станица поради прекршок околу покажување на косата. Иранските фудбалери ги покрија грбовите на своите дресови на двата подготвителни мечеви пред патувањето за Катар, каде што денеска го имаа првиот тренинг.

„Фудбалерите се слободни да протестираат како да се од било која друга земја, но само доколку тоа не ги прекршува правилата на Светското првенство и е во духот на играта. Но, исто така можете да се искажете на теренот преку фудбалот и мислам дека тие имаат само едно нешто во умот, а тоа е да се борат за квалификација во нокаут фазата“, вели Кеирош.

Scroll to Top