Лионел Меси е внимателен околу шансите на Аргентина за освојување на титулата од Светското првенство, што би претставувало круна на неговата блескава кариера. Аргентина беше светси шампион во 1978 и 1986 година, а со Меси во тимот загубија во финалето во 2014 година. Оваа година „албиселесте“ се во група со Полска, Мексико и Саудиска Арабија, и ќе го имаат последниот тест-меч против Обединетите Арапски Емирати утре.
„Сите сме возбудени. Имаме убава група на фудбалери кои се подготвени за борбени, но сакаме да одиме чекор по чекор. Се надеваме дека ќе имаме добар почеток, а потоа ќе видиме понатаму“, вели Меси во интервју за ЦОНМЕБОЛ.
Аргентинците имаат серија од 35 меча без пораз, и ѕвездат на Пари Сен-Жермен ја посочи силата на тимот на Лионел Скалони во тоа што има постојан тим кој лани победи на Копа Америка.
„Колку повеќе играш заедно, подобро се запознаваш. Мислам дека сите знаат дека оваа група игра долго заедно и ги познаваме нашите карактеристики и сили. Кој е фаворит? Секогаш зборуваме за истите тимови. Ако морам да поставам некого пред другите, мислам дека Бразил, Франција и Англија се малку на другите. Но, СП секогаш е многу компликувано и никогаш не знаеш што ќе се случи“, додава Меси.