Лоши вести пристигнаа за навивачите на Франција од седиштето на репрезентацијата во Клерфонтејн. Напаѓачот на Лајпциг, Кристофер Нкунку поради повреда ќе мора да го пропушти Светското првенство во Катар.
Нкунку се повреди, вчера, на попладневниот тренинг, по еден дуел за топка и остриот старт на Едуардо Камавинга.
Францускиот репрезентативец по дуелот падна на земја, долго се држеше за болната нога и набрзо мораше да го напушти тренингот со помош на лекарскиот тим.
🇫🇷 Nkunku contraint de quitter l'entrainement des Bleus en boitant. pic.twitter.com/yJrL7yHP65
— RMC Sport (@RMCsport) November 15, 2022
Иако првичните вести беа оптимистички, подоцнежната дијагноза потврди дека сепак се работи за повреда која ќе го оддалечи од завршниот турнир.
Селекторот на Франција Дидие Дешам, на местото на Нкунку во националниот тим го повика Рендал Коло Муани. Напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, сезонава постигна осум гола и забележа 11 асистенции.