Top Sport

Роналдо: Газдите не се грижат за клубот, Јунајтед не е на нивото на Сити и Ливерпул

Интервјуто на Кристијано Роналдо продолжува да ја шокира фудбалската јавност. Во дел од интервјуто, кое го работеше неговиот пријател Пирс Морган, тој жестоко го нападна клубот и менаџерот Ерик Тен Хаг, а не ги поштеди ниту газдите, семејството Глејзер.

Роналдо за резултатската криза ги обвини газдите, вели дека тие не биле воопшто заинтересирани за клубот, тврди дека ги интересира само профитот.

„Семејството Глејзер воопшто не се грижи за клубот. Знам дека во професионалниот спорт клуб како Манчестер е маркетинг клуб. Тие ќе добијат пари од маркетингот, мислам дека тие воопшто не се заинтересирани за резултатите на теренот. Навивачите се секогаш во право и мислам дека треба да ја знаат вистината“, рече тој и продолжи:

„Го сакам најдоброто за клубот, затоа дојдов во Манчестер јунајтед. Затоа го сакам овој клуб, но имате некои работи во клубот кои не му помагаат на Јунајтед да го достигне нивото на Ливерпул, Манчестер сити, па дури и Арсенал. Сметам дека Манчестер јунајтед нема да биде на врвот во следните три, четири години“.

Јунајтед се уште не излегле со официјален став по повод ова интервју. Медиумите пишуваат дека Тен Хаг повеќе нема да смета на него, а клубот подготвил парична казна од 1.000.000 фунти.

Извесно е дека Кристијано Роналдо во зимскиот преоден рок ќе го напушти „Олд Трафорд“.

Scroll to Top