Поранешниот англиски репрезентативец Питер Крауч и познатиот оперски пејач Пол Потс објавија божиќно-навивачки музички албум. Албумот претставува микс од од навивачки песни и класична музика. Крауч не пее, тој е диригент.
На албумот има осум песни, а целиот концепт го смислил самиот Крауч. Тоа е и негово деби како продуцент.
„Отсекогаш сонував да издадам албум. Периодот е одличен, пред СП и пред Божиќ. Ги зедовме најдобрите навивачки песни и додадовме празнична и класична музика“, рече Крауч.
Целата акција има и хуманитарен карактер бидејќи целата заработка од нејзината продажба е наменета за фондот Стоунвол, кој е формиран за борба против угнетувањето на ЛГБТ+ популацијата во Катар и во светот.
Заедно со Крауч и Пол Потс, на албумот гостуваат бројни познати изведувачи на класична музика. Тука е сопранистката Оливија Сеиг, а водечки тенор е првенецот на англиската национална опера, Робин Бејли.
На албумот се наоѓа и една од омилените песни на англиските фанови, „Super Jack Grealish“, тука е и „England till I Die“ и популарната божиќна песна „12 days of Christmas“, но на тема Светско првенство. Има и обработки на песни за Герет Саутгејт, Хари Кејн, Деклан Рајс и Џуд Билингем.
Албумот можете да го најдете на платформите „iTunes“ и „Spotify“.