Актуелните шампиони во НБА лигата, Голден стејт Вориорс запишаа нов пораз. Вориорс паднаа во Аризона, во дербито против Феникс Санс со 130:119. Вориорс во 15.меч сезонава во забележаа деветтиот пораз.
Голден стејт се во длабока криза. Од целиот тим само Стеф Кари е на потребното ниво. Бекот на Вориорс против Феникс постигна 50 поени, но како и на претходните натпревари не ја доби потребната поддршка од соиграчите.
Тројца играчи кај Феникс постигнаа 20+ поени: Камерон Пејн (29), Девин Букер (27 поеби, девет асистенции) и Микал Бриџис (23 поени, девет скока, девет асистенции).
Без Никола Јокиќ, Деневер Нагетс го доживеаја првиот пораз на домашен терен. Њујорк Никс славеа во Деневер со 106:103. Јокиќ се наоѓа во корона-протоколот и поради тоа не беше во тимот.
Џејлен Брансон на девет секунди до крајот погоди две слободни фрлања, со кои го комплетираше пресвртот на Њујорк во последната четвртина. За Никс ова е прва победа во Денвер од 2006 година.
Џулиус Рендл со 34 поени ги предводеше Никс, на спротивната страна Џамал Мареј постигна 21 поен.
Резултати:
Шарлот – Индијана 113:125
Орландо – Минесота 108:126
Вашингтон – Оклахома 120:121
Атланта – Бостон 101:126
Торонто – Мајами 112:104
Милвоки – Кливленд 113:98
Њу Орлеанс – Чикаго 124:110
Далас – Хјустон 92:101
Денвер – Њујорк 103:106
Феникс – Голден Стејт 130:119