Фудбалерот на Пари Сен Жермен и аргентинската репрезентација, Лионел Меси изјави дека е свесен дека полека се ближи крајот на неговата кариера.
Меси (35) со Аргентина ќе се обиде да го освои Светското првенство во Катар, бидејќи тоа е единствената титула што му недостига во импресивната кариера.
Тој минатата година пристигна во ПСЖ од Барселона, а најверојатно по Светското првенство ќе одлучи каде ќе ја продолжи кариерата.
„Уживам во прекрасниот град, но не беше лесно да се адаптирам. Сè се случи одеднаш и претходно не можев да уживам во сето тоа со моето семејство. Го сакам фудбалот и сакам да го играм. Цел живот го правам тоа .Сигурен сум дека по завршувањето на кариерата ќе останам во фудбалот, но на друга позиција“, призна Меси.
Тој има договор со ПСЖ до крајот на сезоната, но се уште не одлучил каде ќе ја продолжи кариерата. Светските медиуми пренесуваат дека Меси би можел да се врати во Барселона, а се споменуваше и можност да замине во МЛС лигата или некој аргентински клуб.
„Не знам, уште многу работи можат да се случат. Како момче сонував да играм во аргентинскиот фудбал, а денес тоа зависи од многу работи. Имам семејство, три деца, неодамна направив голема промена во мојот живот. Тешко му на целото семејство“, заклучи Меси.
СП ќе се одржи од 20. ноември до 18. декември во Катар, а Аргентина ќе биде во групата Ц со Саудиска Арабија, Мексико и Полска.