Top Sport

Гана во Абу Даби ја победи Швајцарија

Фудбалерите на Швајцарија претрпеа шокантен пораз од Гана во генералната проба пред Светското првенство во Катар.

пријателски натпревар.
Гана во Абу Даби ја победи Швајцарија со 2:0

Швајцарскиот селектор Мурат Јакин со најсилниот состав го започна натпреварот, меѓутоа неговите избраници не најдоа решение за играта на Гана.

Гана имаше дури шест удари кон голот на Јан Зомер, додека Швајцарците не упатија ниту еден удар кон голот на Ати Зиги.

Головите за африканската репрезентација ги постигнаа Салису во 70. минута и Семенхо во 74. минута.

Светското првенство започнува во недела на 20. ноември, а Швајцарија во Г-групата ќе игра против Камерун, Бразил и Србија. Гана е во групата Х со Португалија, Јужна Кореја и Уругвај.

Scroll to Top