„Амазон“ во декември ќе објави документарна серија од 5 епизоди по 30 минути под името „Барселона, нова ера“, во кој главен протагонист ќе биде Лионел Меси и ќе се следи неговиот пат од неуспешниот обид да си замине од Барселона во 2019, до конечното заминување.
Креаторите најавуваат дека ќе има детали од 8:2 поразот на Барселона во Баерн Минхен во Лигата на шампиони, отпуштањето на Кике Сетиен, заминувањето на Луис Суарез во Атлетико Мадрид и ангажирањето на Роналд Куман. Исто така ќе се зборува за ре-изборот на Жоан Лапорта како претседател на клубот и враќањето на Чави Ернандез како тренер.
„Документарната серија ќе ги открие последните две години во клубот од перспектива на првиот тим. Се покрива процесот на градење и економска регенерација на клубот“, велат од Барселона.
👀 Coming soon on @PrimeVideo…
🎞️ 𝐅𝐂 𝐁𝐀𝐑𝐂𝐄𝐋𝐎𝐍𝐀, 𝐀 𝐍𝐄𝐖 𝐄𝐑𝐀 🍿
Stay tuned for what’s happening in December with the new Barça documentary!#FCBarcelonaNewEra
— FC Barcelona (@FCBarcelona) November 17, 2022