Легендата на Рома и на италијанската репрезентација, Франческо Тоти уште еднаш зборуваше за тагата откако „аѕурите“ не се квалификуваа за СП по поразот во баражот од Македонија, што посочи дека првенството „нема да е исто“ без нив.
„Светско првенство без Италија е како Рим без Колосеумот. Необично е, и секако, за нас Италијанците повеќе од негативно. Ќе го следиме Светското првенство на поинаков начин, бидејќи се работи за натпреварување со големи тимови. Кој ќе победи? Франција, Бразил, Аргентина, Германија и Шпанија се меѓу кандидатите, но нема вистински фаворит. Мислм дека овојпат сите работи се можни бидејќи се игра во декември и никој не ја знае физичката подготвеност на фудбалерит“, вели Тоти, кој го освои големиот трофеј со Италија во 2006 година.