Сенегалската репрезентација на Светското првенство во Катар останува без својата прва ѕвезда, откако потврдија дека Садио Мане не се опорави на време за да биде дел од тимот на „Лавовите од Теранга“.
Напаѓачот на Баерн Минхен се повреди при 6:1 победата над Вердер овој месец, добивајќи удар во коленото, и Баерн Минхен тврдеа дека тој не може да биде подготвен за Мундијалот, но Сенегал го пријави меѓу 26-те фудбалери.
Иако селекторот Алиу Сисе се надеваше дека тој ќе пропушти само еден натпревар, од Сенегалската фудбалска федерација потврдија дека по дополнителните тестови се утврди дека тој мора да оди на операција на коленото.
Сенегал на Мундијалот пристигнува како актуелен шампион од Африканскиот куп на нации, откако тимот предводен од Мане во финалето го совлада Египет на пенали.
La @Fsfofficielle souhaite un prompt rétablissement à son joueur Sadio Mané, forfait pour la Coupe du monde 2022. pic.twitter.com/1Df9WrKrmt
— FSF (@Fsfofficielle) November 17, 2022