Американецот Тејлор Фриц е вториот полуфиналист од „Зелената група“ на Мастерсот во Торино.
Фриц во исцрпувачки меч, кој траеше 163 минути го победи Феликс Оже-Алијасим од Канада.
Првите два сета беа решени во тај-брејк, првиот му припадна на Американецот, вториот на тенисерот од Канада. Во првиот сет ниту еден од тенисерите не дојде до брејк топка, во вториот три имаше Оже-Алијасим, но не успеа да ги искористи.
Фриц до првата брејк шанса дојде во третиот сет, во шестиот гем, кога ја искористи втората., а потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот и со 6:2 го заклучи сетот.
Фриц во полуфиналето ќе игра против Новак Ѓоковиќ. Во второто полуфинале ќе игра Каспер Руд, против победникот од вечерашниот дуел помеѓу Андреј Рубљов и Стефанос Циципас.