Top Sport

Среде натпревар Јасикевичиус го избрка Калинќ во соблекувалната

Анадолу Ефес во дербито ма колото во Евролигата, ја победи Барселона во Истанбул (96:86). Ефес ја прекина серијата од три порази, а Барселона го доживеа третиот пораз во првите осум рунди.

Еден детал го обележа натпреварот во арената „Синан Ерден“.

Во финишот на третата четвртина, тренерот на Барселона, Шарунас Јасикевичиус, го испрати во соблекувалната српскиот репрезентативец Никола Калиниќ.

На овој потег му претходеше расправијата помеѓу темпераментниот литвански тренер и Калиниќ. Јасикевичиус го извади од игра српскиот репрезентативец бидејќи бил незадоволен од неговата игра во одбраната. Калиниќ не мислел дека ги заслужува критиките, по што влезе во расправија со тренерот, поради што Јасикевичиус го испрати во соблекувалната.

„Никола покажа непочитување кон тимот. Интерно ќе го решиме ова“, рече Јасикевичиус.

Калиниќ натпреварот го заврши со 10 поени и четири скока.

 

Scroll to Top