Top Sport

Мане ќе паузира три месеци, ќе ги пропушти дуелите со ПСЖ

Сенегал на Светското првенство во Катар ќе биде без својот најдобар играч и капитен, Садио Мане. Вториот најдобар играч во светот, во изборот за „Златната топка“, се повреди на последниот натпревар за Баерн пред почетокот на Мундијалот.

Фудбалерот на Баерн синоќа бил успешно опериран. Клубот од Минхен објави дека Мане го чека подолга пауза. Поранешниот играч на Ливерпул ќе се рехабилитира три месеци. Ова значи дека под знак прашалник е неговиот настап во осминафиналето, во Лигата на шампионите, против ПСЖ.

Првиот натпревар помеѓу ПСЖ и Баерн ќе се одигра на 14.февруари наредната година во Париз.

Scroll to Top