Top Sport

Расел: Нема тензија меѓу мене и Хамилтон

Џорџ Расел, минатата недела во Бразил, ја забележа првата победа во кариерата. Триумфот на Расел е прв за Мерцедес оваа сезона. На Големата награда на Бразил, Мерцедес забележа „еден-два“ победа, откако втор низ целта мина седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон.

Џорџ Расел, кој ја вози првата сезона во Мерцедес, може да биде само третиот клупски колега на Хамилтон кој имал повеќе поени од него во една сезона. Тоа се случи претходно во 2011 година со Џенсон Батон и во 2016 година со Ник Розберг.

Сепак, со оглед на тоа што Мерцедес беше доста лош оваа сезона, Расел и Хамилтон немаа ривалство како што имаше Луис претходно, особено со Розберг.

„Одлично е што ние двајца изградивме добри односи и што заедно го турнавме тимот во иста насока. Никогаш немаше тензија меѓу нас. Знаеме дека и двајцата сакаме да бидеме напред во поредокот. Не сме заинтересирани да се бориме за петто или шесто место. Минатиот викенд беше викенд каков што посакуваме секогаш да имаме“, изјави Џорџ Расел пред последната трка годинава во Абу Даби.

„Сите сме мотивирани, целата фабрика, тркачкиот тим, а исто така сме мотивирани и мислам дека зимата ќе биде особено забавна за сите. Едвај го чекаме првиот тест за да видиме каков ќе биде W14“, додаде младиот Британец.

Scroll to Top