Top Sport

Англија ќе биде казнета поради порака на капитенската лента

Извршниот директор на Фудбалската асоцијација на Англија (ФА), Марк Булингам, за англиските медиуми изјави дека се подготвени да бидат казнети поради капитенската лента што Хари Кејн ќе ја носи на Светското првенство во Катар.

„Една љубов“, пишува на лентата покрај срцето во боите на виножитото. Според ФА ова е симбол на инклузивност.

Булингем за „Скај њуз“, изјави дека пред два месеци испратиле барање до ФИФА да носат повеќебојна облека, но не добиле одговор. ФИФА вообичаено забранува додавање на неодобрени слогани на дресовите и нареди тимовите да не делат морални лекции.

„Не одговорија на нашето барање. Мислам дека постои можност да бидеме казнети. Ако бидеме, ќе ја платиме казната. Важно е да ги покажеме нашите вредности и тоа е она што ќе го направиме. Тажно е што многу наши ЛГБТ фанови решија да не дојдат во Катар“, рече Булингем.

ФА ги увери хомосексуалните навивачи дека е безбедно да дојдат во Катар каде, како што рекоа, локалните власти нема да ги дискриминираат.

„Кога ќе погледнете што е направено во последните четири години, постигнат е позитивен напредок. Сепак, за нас е клучно да ги решиме последните прашања. Заедно со другите европски земји ќе ја притиснеме ФИФА“, додаде Булингем.

Англија во понеделник против Иран ќе го одигра првиот натпревар на Светското првенство. Во групата Б се натпреваруваат и САД и Велс.

Scroll to Top