Top Sport

Бензема неизвесен за првиот меч на Франција

Францускиот селектор, Дидие Дешам нема да може да смета на освојувачот на „Златната топка“, Карим Бензема на првиот меч од Мундијалот против Австралија откако медицинскиот тим не може да го опорави од две повреди, тврдат француските медиуми.

Бензема има повреда на бутниот мускул, но и повреда на коленото, и според „Л’Екип“, медицинскиот тим на „триколорите“ не можат да сфатат од каде потекнувааат проблемите, посебно бидејќи тој остана здрав минатата сезона, најдобра во неговата кариера. Бензема има одигран само 26 минути во ноември за Реал Мадрид, влегувајќи како замена во победата над Селтик во Лигата на шампиони.

Дидие Дешам, се очекува да ги постави Килијан Мбапе и Оливие Жиру во нападот на мечот против Австралија во вторник.

Scroll to Top