Каталонскиот весник „Спорт“ посочува дека Манчестер јунајтед е фаворит пред Арсенал и Челси во трката да се добие потписот на напаѓачот на Барселона во јануарскиот преоден рок.
Холанѓанецот Депај беше донесен како големо засилување на „Олд Трафорд“, но си замина по една лоша сезона, по што ја врати кариерата на вистински пат со Лион, пред да направи бесплатен трансфер во Барселона. Сепак, во тимот на Чави Ернандез сега нема голем простор за него по новите засилувања кои пристигнаа на „Ноу Камп“, а клубот би сакал да се ослободи од неговата висока плата.
28-годишниот Депај преку своите агенти веќе ги информирал англиските клубови дека е подготвен за враќање во Премиерлигата, а во Јунајтед прво сакаат да ја завршат работата со најавениот отказ за Роналдо по неговото шокантно интервју кај Пирс Морган.