Top Sport

Катарскиот селектор Санчез за обвинувањата за „местенка“ со Еквадор: Има многу лаги на Интернет

Селекторот на репрезантацијата на Катар, Феликс Санчез смета дека „интернетот е многу опасно место“ и инсистира дека неговиот тим не е вознемирен од шпекулациите дека организаторите на Мундијалот веќе ја „купиле“ првата победа, на утрешното отварање против Еквадор.

Домаќините беа под сомнеж за вистинската сила на нивната репрезентација откако поголмиот дел од пријателските мечеви ги одиграа зад затворени врати, а на социјалните мрежи веќе десетина дена се тврди дека веќе е „купен“ и Еквадор. Катар, кои се азиски шампиони и се во групата А со Холандија, Сенегал и Еквадор, се аутсајдери во трите меча и шпанскиот тренер го прифаќа тоа.

„Мислам дека има многу дезинформации. Интернетот е одлична алатка за луѓето, но и мног опасно место. Повеќе години ние се подготвуваме, тренираме и ништо нема да го наруши нашето единство пред шампионатот. Мотивирани сме и среќни што го играме првото СП. Фокусот е на подготовките, на контролирањето на емоциите, а не на шпекулации и лаги по социјалните мрежи. Секако, не ни се допаѓа кога не критикуваат, но од фудбалска страна ние сме подготвени и мотивирани да се натпреваруваме против било која репрезентација“, вели Санчез.

Scroll to Top