Трагична вест утрово пристигна од Мостар. Фудбалерот на Зрињски, Карим Газета (27), извршил самоубоство.
Се самоуби фудбалер на Зрињско, вест која ја шокираше јавноста во Босна и Херцеговина.
Карим Газета летово му се приклучи на Зрињски од швајцарски Ксамакс. Меѓу другите, тој го носеше дресот на Сервет Винтертур, Лозана.
Според информациите од БиХ, Газета си го одзел животот скокајќи од осми кат на една од зградите во Мостар.
Карим Газета настапуваше и за помладите селекции на Швајцарија за кои забележа вкупно 14 настапи. Играше за У15, У18, У19 и У20 репрезентации на Швајцарија.