Top Sport

Руд и Ѓоковиќ напредуваа на АТП листата

Каспер Руд и Новак Ѓоковиќ напредуваа на АТП листата. Норвежанецот и Србинот, синоќа во Торино, играа во финалето на завршниот Мастерс. Ѓоковиќ победи со 7/5, 6/3.

Норвежанецот Руд, со пласманот во финалето го забележа најдобриот ранкинг во кариерата. Годината ја заврши на третото место, пред него се Рафаел Надал и Карлос Алкараз.

Руд на листата г скокна Стефаноз Циципас.

Победникот во Торино, Ѓоковиќ, напредуваше за три места, сега се наоѓа на петтата позиција со 2.000 поени помалку од првопласираниот Алкараз.

Шестти во светто е Феликс Оже-Алијасим, следуваат Русите Данил Медведев и Андреј Рубљов, Тејлор Фриц остана на деветотот место, а Топ 10 го затвора Хуберт Хуркач.

АТП листа:

1. Карлос Алкараз (Шпанија) 6.820 бодови
2. Рафаел Надал (Шпанија) 6.020
3. Каспер Руд (Норвешка) 5.820
4. Стефанос Циципас (Грција) 5.550
5. Новак Ѓоковиќ (Србија) 4.820
6. Феликс Оже-Алијасим (Канада) 4.195
7. Данил Медведев (Русија) 4.065
8. Андреј Рубљов (Русија) 3.930
9. Тејлор Фриц (САД) 3.355
10. Хуберт Хуркач (Полска) 2.905

Scroll to Top