Top Sport

Жолт картон пред почетокот на мечот за лентата во боите на виножитото

Продолжуваат игрите надвор од терените на 22. Светското првенство во фудбал. По одлуката на организаторите прво да дозволат, а потоа да го забранат алкохолот на стадионите, домаќинот во соработка со ФИФА подготвува уште една забрана.

Последните информации велат дека капитените на седумте земји, кои планираат да носат лента во боите на виножитотo, во знак на поддршка на ЛГБТ популацијата, ќе добијат жолт картон уште пред почетокот на натпреварот.

Оваа закана ја испрати ФИФА, а сега останува да видиме дали ќе биде реализирана на дело. Капитените на Англија, Велс, Германија, Данска, Швајцарија, Данска и Холандија најавија дека ќе ја носат лентата во боите на виножитото.

Хари Кејн прв ќе излезе на терен со ваква лента околу раката, во понеделник од 14 часот против Иран. Останува да се види дали ќе добие жолт картон. Доколку биде казнет, тоа значи дека не само Кејн, туку и останатите капитени, поради суспензија ќе го пропуштаат секој трет натпревар.

Пред почетокот на Светското првенство на сите им беше дозволено да одберат какава лента ќе носат капитените. Работите се рапидно се сменија два дена пред стартот на шампионатот.

Под притисок на домаќините, ФИФА реши да реагира. Забранета е каква било форма на политички пораки.

Scroll to Top