Top Sport

Данска (засега) ја има „утката“ на шампионатот

Третиот ден од Светското првенство во Катар ни го донесе првото големо изненадување во саудискиот триумф над Аргентина, првиот нерешен резултат помеѓу Тунис и Данска (0:0), но и можеби промашувањето на шампионатот.

„Виновник“ е напаѓачот на Копенхаген и на данската репрезентација, Андреас Корнелиус, кој во 70. минута од мечот против Тунис можеше да стане херој на својата репрезентација, но наместо тоа ни донесе смешно видео. Иако буквално сантиметри го делеа од голот на противникот, тој ја заби топката во стативата! Грешка која скапо може да ги чини Данците, кои се во групата во кои се и Французите и Австралијците.

[/video]
Scroll to Top