Играчите на германската репрезентација, пред почетокот на натпреварот со Јапонија, протестираа против цензурата што ја наметна ФИФА. Секоја германски репрезентативец со раката ја покри устата.
ФИФА на сите репрезентации им е забрани да носат капитенски ленти во боите на виножитото и натписот „One Love“, кој е слоган за поддршка на ЛГБТ заедницата.
ФИФА се закани дека судиите ќе му дадат жолти картони на секој што ќе се појави на теренот со вакви или слични ознаки. ФИФа поради паролата „One Love“, и забрани на Белгија да го носи белиот дрес на своите натпреари.