Top Sport

Шпански „АС“ тврди дека Аргентина ги пуштила Саудијците да победат

Аргентинската фудбалска репрезентација и дозволи на Саудиска Арабија да победи со 2:1 во првиот натпревар од групата Ц на Светското првенство во Катар, пишува шпански „Ас“.

Шпанскиот весник исто така тврди дека капитенот на Аргентина, Лионел Меси потпишал договор на почетокот на оваа година да биде спортски амбасадор на Саудиска Арабија.

„Шокантната победа не нè тера да се запрашаме не само како Аргентина загуби од втората најевтина репрезентација на Светското првенство, туку и како Саудијците ја прекинаа серијата од 36 натпревари без пораз на тимот на Меси, кој требаше да го освои Светското првенство. И покрај се, изгледа дека Меси е промотор на Саудиска Арабија“, се наведува во текстот на „Ас“.

Шпанските медиуми тврдат дека Меси лобира Саудиска Арабија да биде домаќин на Светското првенство во 2030 година.

„Во мај, веројатно најдобриот и најпознатиот фудбалер на планетата потпиша договор за промоција на Саудиска Арабија. Договорот зборува за државни инвестиции во туризмот, но не може а да не се забележи дека Саудиска Арабија сака да го организира Светско првенство во 2030 година“. .

Во групата Ц покрај Аргентина и Саудиска Арабија се уште селекциите на Мексико и Полска.

Scroll to Top