Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар го прослави 75. роденден со пријателски натпревар против Железничар на арената „Тодор Проески“ во Скопје. „Црвено-црните“ славеа со 2:0, а навивачката група „Комити“ приреди шоу на трибините прославувајќи голем јубилеј, 35 години од постоењето.
Вардарци се потсетија на убавите шампионски денови и посакаа клубот да се врати во елитата и повторно да освојува трофеи.