Top Sport

Канаѓаните ги собраа аплаузите, а Белгија ја однесе победата

Белгија многу потешко од очекувањата стигна до премиерната победа на Мундијалот. Селекцијата на Роберто Мартинез славеше со 1:0 против Канада, но противникот импресионираше со добра игра, посебно во првото полувреме.

Големи заслуги за триумфот на Белгијците одат и за Тибо Куртоа кој во 11.минута успеа да одбрани пенал. Алфонсо Дејвис не го надмудри одличниот голман со удар од 11 метри.

Во периодот кога Канада доминираше, сепак, Белгија зададе противудар. Алдерверелд со длабинска топка го пронајде Мичи Батшуаји, а тој во 44.минута го совлада Милан Борјан.

Scroll to Top